Зошто се брзаше со изборите?

Граѓани, извршителите се враќаат! Веднаш по изборите. Целосната примена на Законот за извршување продолжува од 24.07.2020 година, 30 дена по престанување на вонредната состојба, информираат од Комората на извршители. А за некој месец, ќе ви стигнат и ратите од кредитите кои како “голема помош” за народот кој остана или со минимални или без примања беа одложени. Сега се враќаат обременети со камата врз каматата. Бидејќи СДСМ никако не сакаше да дозволи банките да имаат штета.


Владата се фали дека делела платежни картички за помош со кои можело да се оди на летување. Бидејќи во моментов на најсиромашните за кои и се наменети картичкиве, “ептен” им е дојдено до одмор. Добро, додуше со тие 50 000 поплаки, не сме ни сигурни дека и стигнале до нив. А да не зборуваме што голем дел од лицата со ниски примања во навалиците пред банките каде се караа и расправаа зошто ги нема на списоците и се заразија, па сега не можат да одат на одмор, а богами ни да купуваат преку Групер. Зошто, случајно или не, картичките можеле и таму да се користат.


И како финале, дури и од оној “круцијален проект” на Министерството за финансии, „Мој ДДВ“, ги намалиле наградите. Ќе беше тажно ако не е смешно. Уште повеќе што предизборно ветување на СДСМ е дека овој мегапроект ќе продолжел. Во меѓувреме, министерката Ангеловска замоли народот ако може да се откаже од овие пари… Постои дури и опција да се донира платежната картичка.


Го гледаме Заев на предизборно претставување. Се расфрла со бројки. Ќе дале 600 милиони евра за инвестиции, 200 милиони евра за земјоделие, милијарда милиони за не знаеме што… Платите, оние што досега требаше да бидат 500 евра, и се главна шега по социјалните мрежи, сега ќе биле 34000 или 36000 денари, како беше…А паралелно со тоа, министерката Нина моли по граѓаните да донираат кој колку можел за спас на економијата. Заради кризава, инаку супер си е буџетот.


Знае ли Заев што прави Нина? Знае ли Нина што ветува Заев? Извршителите се враќаат. И во денови се брои кога граѓаните уште посилно ќе ја почувствуваат реалната сиромаштија. Одложувањето на долговите завршува. После изборите. Доаѓаат и ратите од кредитите на земјава, со кои во кризата не задолжија, допрва ќе дознаеме колку… Се надева ли Заев дека ќе се заборави кој менаџираше со кризава? И затоа ли беше брзањето за избори дури и во време на корона? Да се гласа додека не не’ плеснала реалноста и големата сиромаштија која ќе треба да ја живееме?


извор: веритас dokazmakedonija.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum