Зошто некои Африканки ставаат плочи во усните?


Во долината на реката Омо во Етиопија живеат неколку племиња. Едно од нив е племето Мурси, кое живее во близина на границата со Судан.


Носијата на ова племе е исклучително богата и разновидна, а особено се познати жените од племето, кои вметнуваат плочи во усните.

Од каде потекнува овој обичај?


Не се знае точната причина, но се верува дека овој обичај потекнува од времето кога во Африка пустошеле ловци на робови. За да им бидат неатрактивни, се претпоставува дека жените намерно се нагрдувале за да избегнат ропство.


Покрај таа, постојат уште две теории. Едната вели дека членовите на племето веруваат дека злите духови влегуваат преку устата, па со помош на плочите тие се бранат од нив. Друга теорија, пак, вели дека од големината на плочата зависи и миразот. Колку е поголема чинијата, толку е поголем и миразот.

Вметнување на плочата


На девојките меѓу 15 и 16 години мајките им ги сечат усните и им ги кршат двата предни заба на долната вилица за да можат да стават мала плоча, најчесто глинена или дрвена.

Се почнува со помали плочи, а големината се менува по одредено време ако имаат волја да ја трпат болката што се јавува при ширењето на усните. На жените им е прилично напорно да ја носат таа плоча во усните, па ја ставаат само кога има племенски слави.

Извор и насловна фотографии: National Geographic fakulteti.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum