Зошто младите лица починати од коронавирус ги нема во официјалните извештаи?

Ужасни статистики за починати и заразени од коронавирус секојдневно влеваат огромен страв кај македонскиот народ. Секој ден сме сведоци на големи трагедии. Бројот на починати е страшен, а голема е загриженоста и што дел од жртвите се многу млади лица.

Состојбата со коронавирусот во Македонија одамна е алармантна, но надлежните убедуваат дека истата е под контрола. Но, уште една ситуација јавува голем простор за сомнеж и вознемирување-дали се кријат жртви?


КУРИР вчера објави текст со наслов:

Семејства во црно, народот вознемирен, жртвите ги нема во извештај: Го кријат ли Заев и Филипче реалниот број на починати од коронавирус?


Пишувавме дека трои млади лица кои починаа од коронавирус ги нема во дневните извештаи кои ги објавува министерот за здравство Венко Филипче  на својот Фејсбук профил, а неговиот кабинет ги испраќа до медиумите.

Пред два дена починаа две млади лица, кои не беа заведени во извештајот истиот и следниот ден. Очекувавме дека е можно да биле оставени да се објават во вчерашниот извештај, но тоа не се случи. Нивната смрт ја потресе целата македонска јавност, па оваа информација е нешто кое не може и НЕ СМЕЕ да се крие. Но, сепак, во извештаите не се јавува дека тие се дел од жртвите од коронавирус во Македонија.

Семејна трагедија во Кавадарци ја зави цела Македонија во црно. Двајца браќа починаа од коронавирус во само неколку дена. Едниот на 26-годишна возраст, другиот на само 21 година. Имале хронична болест, но починаа поради последици предизвикани од коронавирус.

Медиумите ги пренесоа информациите за нивната смрт, но тоа не го направи и Министерството за здравство. Ниту една од овие две жртви не е заведена во официјалните извештаи.

Зачера почина помладиот брат, 21-годишниот Горан Ѓерѓев. Медиумите информираа за неговата смрт, но тој не беше заведен во завчерашниот, а ниту во вчерашниот извештај на починати.

Марјан Ѓерѓев почина на 26 годишна возраст, на 2-ти или 3-ти ноември. Но, не е заведен како жртва во ниту еден извештај до ден денес.  Тој на Инфективна клиника бил хоспитализиран на 25-ти октомври. Имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика. Коронавирусот беше кобен за него.

За смрт на 26-годишен пациент од Кавадарци не е известено во ниту еден извештај од Министерството за здравство.  Што стои зад ова, надлежните мора да одговорат пред македонската јавност. Бидејќи има простор за сомнеж дека се кријат овие починати, па се отвора прашањето дали ова се случува и со други починати. Се крие ли реалниот број на починати од коронавирус?

Смртта на двајцата браќа не е единствено кое се сокрило во извештаите на Министерството за здравство. Кога жртвата е младо лице, интересот на јавноста е што поголем, па најлесно е да се увиди дали овие лица ги има во извештаите. Овие ги нема. 38-годишно лице од Виница, вчера почина на Инфективното одделение во Штип, само неколку часа откако бил донесен таму со симптоми на Ковид 19.  Локалните медиуми први информираа за овој трагичен настан, но ниту тоа не беше дел од извештајот на Министерството за здравство. Ниту завчера кога почина, ниту два дена подоцна, ова лице не е заведено во билтенот на починати од коронавирус.

Дали ова е јасен доказ дека Владата го крие реалниот број на починати и ги намалува реалните бројки? ЗОШТО овие лица ги нема заведено како починати во извештаите?


извор: kurir.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum