Зошто Бугарија им дава пасоши на Македонците

Во основите на бугарскo државничко поведение кон Македонија е доделувањето на бугарско државјанство и бугарските пасоши на Македонците и македонските граѓани. Ова е особено видливо во стратегијата позната како „Бугарската политика спрема Република Македонија“ која е резултат на едногодишно истражување и објавена во 2008 година.


Во неа се вели дека Бугарија треба да изгради админастративен капацитет за полесно и забрзано доделување на бугарско државјанство, а времетраењето на процедурата да се скрати од години на месеци.

Софиската агенција за Бугарите во странство


Како потреба од оваа политика се нагласува дека бугарската држава е на прагот на нова етапа од својот социјално-економски и демографски развој, односно Бугарија се соочува со намалување на прирастот на населението кое што ќе се одрази врз економијата на државата. Затоа се предлага масовна имиграција – спонатана или управувана преку проактивна политика на привлекување и интеграција на имигранти.


Конкретно за Македонија и Македонците се вели дека тие се битен природен ресурс во тој поглед. Меѓутоа за разлика од останатите имигранти за Македонците со бугарско државјанство ќе и овозможат на Бугарија да интервенира и се грижи за нивните права и интереси.


На овој начин бугарската држава ќе може пред меѓународните институции да тврди дека во Македонија има бројно бугарско малцинство.


Во однос на Бугарите во Македонија се вели: „Рамноправност на Бугарите во Република Македониjа (сите, кои jасно се самоидфентификуваат како такви) со останатите етноси во склад со локалното национално законодавство, кое предвидува нивно наброjување во преамбулата на Уставот на земjата; покраj наброените Албанци, Турци, Власи и Роми, и потоа додадени Срби и Босанци, треба да наjдат место и Бугарите, независно од нивниот броj, официjално деклариран во Република Македониjа.“


извор: novamakedonija.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum