Зоран Заев: Стево Пендаровски не е толку искусен политичар како мене!

Македонската јавност е информирана за делови или за целото интервју на Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес. Тоа интервју предизвика бурни реакции во Македонија.

Едно од прашањата во интервјуто беше и односот на Зоран Заев кон ставот на Претседателот Стево Пендаровски дека Бугарија се уште живее во времето на Тодор Живков.


Тоа се тие двојни стандарди на Бугарија. Нивната министерка за надворешни ртаботи, Екатерина Захариева може да ја обвинува Македонија дека се уште го слави големиот диктатор Јосип Броз Тито, како што вели таа, и тоа е во ред, но кога Пендаровски ќе каже дека Бугарија живее во времето на Тодор Живков тогаш е тоа навреда.


Затоа на Заев во интервјуто му беше поставено прашањето кој е неговиот став за изјавата на Пендаровски: Се откажувате ли од тврдењето дека Бугарија е држава на Тодор Живков? Се надевам дека Стево Пендаровски знае дека Тодор Живков не е на власт 30 години?

Еве го одговорот на Заев:


Секако дека знае Претседателот. Верувајте дека Претседателот Стево Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар како што е Зоран Заев, нормално. Затоа што тој работел со нашите претседатели како Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, бил во нивните тимови. Тој беше национален координатор во мојата влада. Тој е сериозен општественик и целосно е посветен на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако нашите интеграции во НАТО и Европската Унија. Нема дилеми за тоа. Некој пат верувам и јас не само тој не сме доволно внимателни со употребата на зборовите, вели тој.


Тоа е исто како да кажете дека ние сме титова Македонија или ние сме лазар мојсова Македонија или не знам каква Македонија. Македонија е на Македонците и на сите нејзини граѓани што живеат, вели Заев. Тие се со 85 отсто определба дека се за членство во Европската Унија, а 95 отсто сакаат пријателство со Бугарија. Некој пат нашите граѓани реагираат вака со говор на омраза бидејќи се повредени и јас ќе го замолам бугарскиот народ да има разбирање за такви поединци., изјави Заев во интервјуто за Бгнес.

Во интервјуто Заев објаснува како ги убедува своите пријатели да ги бришат своите навредливи статуси на фејсбук против Бугарија.


Сега кога се случува ова со блокадата доаѓаат вакви искри на ширење на говор на омраза кој што комплетно го осудувам и луѓето веднаш се повлекуваат, вели Заев и додава: Со некој поединец кој што го познавам и кој можам да го контактирам со порака на фејсбук, ми вика не го мислев тоа ама знаеш многу ме заболе. Зошто го прашувам? Па нели Бугарија најмногу не поддржуваше. Ми вика ќе се корегирам, го брише статусот и слично и веднаш се корегира. Јас верувам дека треба да реботиме сите заедно, пред се ние политичарите да градиме амбиент на големо пријателство и соработка. Двете страни губат ако има непријателство.


извор: vocentar.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum