Златев: Ако навистина Заев не го пуштил Мијалков да избега – зошто не почне со запленување на имотот

Новинарот и главен и одговорен уредник на Радио Лидер во вечерашното гостување во „Заспиј ако можеш“, на телевизија Алфа, се осврна на беството на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, за кој што како рече и самиот бил доволно луд да го следи неговото работење и да го обсервира критички.

„Поминаа 24 часа, се уште си нема дадено оставка Оливер Спасовски, се нема ни појавено. И сега сваќаме зошто тој не добил безбедносен сертификат од НАТО. Нема оставка од Јовески, нема никаква одговорност од судот, затоа што и тие не одредиле притвор и конечно нема оставка од Зоран Заев, човекот кој на некој начин се пазареше со Сашо Мијалков и којшто му овозможи да побегне“, рече Златев.

Според него не постои еден, како што рече, нормален човек во државата кој не верува дека на Сашо Мијалков не само што му било овозможено да побегне туку Сашо Мијалков со години работел како да дојде до својата слобода.

„Дошло до одредено ниво кадешто веќе немало друг излез, едноставно му било дозволено да побегне од државата. Каде побегнал не знаеме, има повеќе сценарија“, рече Златев.

Тој праша зошто доколку власта навистина нема никаква врска со бегството на Сашо Мијалков не почне процедура, еден процес за конфискација на неговиот имот?

„Видовме дека на пример на Сеад Кочан кој беше во еден класичен монтиран случај, само затоа што човекот имаше телевизија, него му конфискуваа милиони евра имот. И тој имот веќе не е на неговите компании, веќе не е на неговото семејство. Сашо Мијалков и денес го има „Мериот“, додаде Златев.

Според него доколку Зоран Заев и власта, како што рече, не потегнат процедура за конфискација на имотот на Мијалков кој вреди милијарди во Македонија, а е заработен со 60 илјади плата во УБК, тогаш е јасно дека тие стојат зад ова.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum