ЗАПРОСЕТЕ ЈА САКАНАТА ВО ДУБАИ ЗА САМО 250 000 ЕВРА!



Дали имате 250 000 евра? Ако имате тогаш можете овој Св Валентин да го поминете во Дубаи со торта и 5 карати дијамантски прстен со кој нема која девојка не би била импресионирана а посебно онаа која вас ви е посебна. Св Валентин е совршен празник за запросување, има ли поубав ден во годината од денот на љубота да направите изненадување кое ќе се памети цел живот?


Неодамна во Дубаи еден луксузен ресторан се спои со една продавница за луксузен наките и осмислија запросување на Денот на Вљубените кое чини 250 000 евра. Кој рече дека љубовта нема да ве чини цело богатcтво?

Ова скапоцено искуство започнува напладне со прошетка со Ролс Ројс кој ќе ве однеси во ВИП Хеликоптер каде вљубените птички ќе уживаат 45 минути возејќи се со хеликоптер над најубавите делови од Дубаи а во меѓувреме и ќе пијат луксузен пенлив шампањ и ќе јадат чоколада со прелив од вистинско злато.


Денот продолжува во ресторанот “Скарата на Аргентина” покрај палмата со уште повеќе пенлив шампањ и мешана морска храна послужена заедно со црн кавиар.


Од тука двојката ќе биде однесена повторно со Ролс Ројс до марината на Дубаи на приватна три часовна тура на јахта со приватен батлер, луксузна овошна кошница за десерт и сигурно погодувате уште повеќе шампањ.

Овој специјален ден завршува во истиот ресторан “Скарата на Аргентина” но, на друга локација овој пат во Ла Мер. Јужноамериканскиот ресторан ќе биде ексклузивно букиран само за оваа двојка украсен со 5000 рози и романтична вечера стек, јастог и уште неколку други деликатеси по желба и ќе биде сервирана токму пред големиот момент запросувањето со 5 каратниот дијаманстки прстен од Аква Џувелс продавница за скапоцен накит.


И да се надеваме дека со вакво запросување нема да има девојка која ќе ви каже не.



извор: tera.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838