Жаклина Лазаревска: СДСМ одлично се справи со коронавирусот

Денеска се навршуваат точно три години откако СДСМ го презеде раководењето со држаавата. На 1 јуни 2017, Владата на Илинденска се ослободи режимските пранги на ДПМНЕ, рече Жаклина Лазаревска од СДСМ.


– Северна Македонија беше претходно оценета во 2016 година како „заробена држава” од страна на Европската Комисија, со заробени институции и клучни сектори во општеството.  Дополнителен предизвик во пролетта 2017 година беше партиското и институционално спротиставување на мирното предавање на власта на новото парламентарно мнозинство – кулминацијата се случи на 27 април, со насилниот упад во собранието на 27 април поддржан од високи членови и активисти на тогашната владејачка партија.

За овие три години ја извадивме земјата на прав пат, а денес знаеме дека заедно со граѓание Можеме уште повеќе и уште подобро.

Остваривме две од од нашите најголеми стратешки цели, она што со децении на моменти изгледаше и невозможно.

Ние сме 30-та земја членка на НАТО. Македонското знаме се вее пред седиштето на НАТО, а македонските граѓани се горди на тоа.

И конечно, имаме одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

За жал, кога носевме историски одлуки, кога чекоревме на прав пат кон полноправно членство во НАТО и отворање на преговори со ЕУ, немавме сојузник во најголемата опозициска партија предводена од Христијан Мицкоски. Мицкоски покажа дека нема ниту став, ниту зрелост, ниту чувство за одговорност за националните интереси, кога требаше да се прават нужни политички компромиси за да се одблокираат процесите кои беа во децениски ќорсокак поради деструктивните политики на неговиот политички ментор, Никола Груевски. Христијан Мицкоски не покажа зрелост и конструктивност ниту кога се соочувавме со акутни проблеми кои не засегаат сите: како што беше проблемот со загадувањето на воздухот, и како што е сега светскиот проблем со пандемијата од Ковид 19.

Кога СДСМ ја презеде власта воопшто немаше никаков економски раст. Тогаш дека стапката на БДП беше во минус. Од минус ја кренавме економијата во плус, во 2018 остваривме раст на БДП од 2.7%, а во 2019 година постигнавме раст од 3.6% Обезбедивме над милијарда евра странски инвестиции (180 милиони во 2017 – најмногу во четвртиот квартал – 168.8, над 603 милиони евра во 2018 и над 290 милиони евра во 2019 година). Го стабилизиравме и долгот, а девизните резерви се зголемија за над 800 милиони евра.

Со зголемениот економски раст овозможивме и раст на вработеноста и драстичен пад на невработеноста, како и значително зголемување на просечната нето плата која е клучен показател за животниот стандард.

За 10 тримесечја (односно, 2.5 години, од половината на 2017 до крајот на 2019) бројот на вработени лица го зголемивме за над 67 илјади нововработени. Во време на СДСМ во приватен сектор се вработија повеќе граѓани отколку во време на ВМРО-ДПМНЕ! И горди сме на тоа!

Горди сме и на значителниот пораст на нето платата, која пред економската криза предизвикана од пандемијата, достигна над 27 илјади денари во јануари (27 540 денари) и февруари (27 206 денари). Ако се направи споредба со јуни 2017 (22 808 денари) и јануари 2014 (21 327 денари) и февруари 2014 (20 941 денари), може да се извлече заклучок: Владата предводена од СДСМ значително повеќе ги зголемува нето платите од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за пократко време! Ако светот не се соочеше со една од најголемите економски кризи, која е значително поголема од глобалната финансиска криза пред една декада, ние ќе бевме на добар пат да го оствариме ветувањето од 30.000 денари просечна плата што го ветивме за 4 годишен период.

Тоа со сигурност ќе го оствариме и надминеме во периодот којшто е пред нас. Покажавме дека со макотрпна работа, нашето ветување е достижно, и горди сме на тоа!

Можете ли да замислите како ќе изгледаше справувањето со Ковид ако денес ДПМНЕ беше на власт, со минимална плата од 9.000 денари?

Или како ќе им беше на илјадниците стечајци за кои обезбедивме трајни финансиско решение, а кои Груевски  ги игнорираше цела деценија.

Просечната пензија порасна од 13.754 денари во декември 2016 додека Секој пензионер во февруари доби 722 денари повеќе. Го зајакнуваме животниот стандард на пензионерите а просечната пензија изнесува 15.500 денари.

Минималната плата достигна 14 500 денари Законски утврдената минимална плата за декември изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари

Стечајци – Со законски измени обештетени се 10.700 илјади стечајци, кои долго време беа оставени без никаков надоместок. Предвидени се по 7000 денари за секој стечаен работник месечно со што се исправаат големи неправди наследени од претходната власт.

Го воведовме правото на социјална пензија од 6.000 денари, за лица кои немаат 15 години стаж. Веќе имаме над 5.000 корисници на ова право. Ако претходно имало околу 3.000 семејства приматели на детски додаток, последната исплата е за 33.000 корисници.

За првпат воведуваме минимален гарантиран приход и ја зголемуваме социјалната помош за 300 отсто. Истовремено овозможуваме поддршка за доквалификација и вработување, за примателите на социјална помош да може да излезат од сиромаштија. Детски и образовен додаток земаат над 70.000 деца, односно за 20 пати повеќе од претходно. На овој начин ќе ја намалиме детската сиромаштија, бидејќи секое дете заслужува еднакви шанси во животот. Ги зголемивме платите во образованието, градинките, здравството, центрите за социјална помош, научните институти, администрација, армијата.

Создаваме фер услови за подобар живот на СИТЕ граѓани. И не застануваме тука затоа што ние МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!, истакна Лазаревска.

извор: ohrid24.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum