Заев: Секој граѓанин ќе може да одгледува 2-3 стебла марихуана под контрола на агенцијата

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговораше прашањата на неговиот сопартиец Јован Митрески околу Законот за марихуаната.

-Целта е да го слушнеме народот, дали мисли дека треба да одиме понатаму со таа постапка. Лично сметам дека за 0,5 грама за лична употреба, не треба да се одговара, рече Заев кој уште еднаш потврди дека легализацијата се прави за развивање на угостителството и туризмот.
-Нема да биде привилегија на богатите. Целта е да се овозможи на секој граѓанин по 2-3 стебла под контрола на агенцијата која е предвидена во самиот закон, да може да се користи за сопствена потреба, изјави Заев.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum