Заев пречекан со пароли во Битола: Предавник, во СДСМ се е исто само Кирацовски го нема


Со пароли на повеќе места низ градот битолчани му испратија пораки на премиерот Зоран Заев кој денеска е во посета на градот.

„Предавник“! „До каде се филтрите за РЕК!?“ „Во СДСМ се е исто само Кирацовски го нема“! Ова се паролите закачени денеска на повеќе места во Битола, упатени до Заев и СДСМ, на чие чело е тој. Заев за времена посетата на Битола ќе го посети Офицерскиот дом, за да види како се одвиваат работите за негова реконструкција, а подоцна ќе го посети најголемиот електро енергетски комбинат во државата, РЕК „Битола“, каде што заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и менаџерскиот тим на Комбинатот, свечено ќе ги предаде во употреба новите шест еколошки автобуси кои ЕСМ ги набави за превоз на своите вработени.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum