Заев: Поддржувам легализација на марихуана, така ќе се унапреди и туризмот

Премиерот Зоран Заев изрази поддршка за декриминализација на марихуаната, која е почната во Собранието.


„Верувам дека во иднина ќе се створи амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе можеме да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку учествуваат во нашиот БДП“, рече Заев.


Според него, има позитивен одек во јавноста за декриминализацијата на канабисот.

„Ќе се зголемат угостителството и туризмот во државата. Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат ќе можат да услужуваат марихуана и канабис, кој може да помогне за развојот на услужната дејност во државата“, вели Заев.


Тој вели дека очекува најтранспарента постапка, односно ќе ги искористи сите можни потенцијали за рестарт за македонската економија.


извор: makfax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum