Заев: Платите во здравството до 2024 ќе бидат повисоки за 40 % од сега

Ние во Владата предводена од СДСМ, како одговорна партија, постојано инвестираме во нашиот здравствен систем кој со месеци е во борба со пандемијата од Ковид-19, објави вечерва премиерот и лидер на владејачката партија, Зоран Заев.

Обезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против КОВИД-19. Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети. Состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем кој со месеци е во борба со пандемијата од КОВИД-19. Следната година следува покачување на платите во здравството за 10%. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40% повисоки од денес, објави Заев на својот официјален профил на Фејсбук.

Оваа објава е на денот кога Македонија повторно бележи рекорди на заразени од коронавирусот.


извор: lider.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum