Заев: Не се согласувам дека земјава е уназадена во борбата против корупцијата

Премиерот Зоран Заев вели дека не се согласува со тоа дека земјава е уназадена во делот на борбата против корупцијата, коментирајќи го извештајот на „Транспаренси интершешнл“ за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020.

-Ова кое излезе од „Tранспраени интернешнл“, нема да нè обесхрабри. Јас имам свои впечатоци за анализите и дефинитивно не можам да се согласам дека Република Северна Македонија е уназадена во делот на борбата против криминалот и корупцијата на целата оваа слобода, транспарентност, на целата оваа одговорност и на целото ова постапување во делот на увидувањето дури и на индиции за можен судир на интереси, корупција или слично, вели Заев. Тој вели дека тука контрапрашање би требало да биде како било во време на режимот, дали е подобрено во споредба со тогаш или не.

-Тоа не значи дека треба да бидеме задоволни, треба да работиме многу посилно. Иако деталите сериозно ги анализирав и видов од каде доаѓаат, кој ги давал анкетните прашања и како е одговорено. Каков и да е мојот став, пораката мора да биде уште позасилено, поотворено и порешително да се бориме со ова зло кое е присутно секаде во светот, така и во РСМ затоа што од успешноста зависат сите сегменти на нашето живеење, изјави премиерот.

Тој изрази поддршка за работата на вицепремиерот Љупчо Николовски, кој работи на координацијата на сите институции во надлежност на извршната власт што се борат против криминалот и корупцијата во државата.

–Ова што Љупчо Николовски го работи со својата политичка поставеност во самиот систем и како генерален секретар на СДСМ и тоа како може да биде од огромен придонес во успехот во севкупната борба против криминалот и корупцијата, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Тој потенцира дека во надлежност на Николовски е делот на извршната власт и институциите коишто се во извршната власт, а покрај тоа во борбата против криминалот и корупцијата се вклучени и други институции како Јавното обвинителство, Судот, Државен завод за ревизија, ДКСК и сите други регулаторни тела или независни институции коишто постојат во државата.



извор: fokus.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum