Заев на ТВ 21 најави полициски час од 17 или 18 часот

Се прават анализи за следните чекори во справување со КОВИД-19, се размислува за рестрикции, за што деновиве ќе заседава и Советот за безбедност, но мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати – од 1 ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така доколку и натаму се спроведуваат актуелните мерки за заштита, оцени премиерот Зоран Заев.


– Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18 ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките, рече премиерот Заев во синоќешното интервју за ТВ 21.


извор: republika.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum