Заев: Короната се спречува со чекич или со танц?! (ВИДЕО)

Стратегијата на „чекан“ и „танц“ во справување со коронавирусот e базирана на долгорочен пллан за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување.


Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танцот).


„Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања).


Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.


извор: shilomagazine.com.au

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum