Заев: Ги прифативме Бугарите како браќа, но за жал тие одеднаш посакаа да ни станат татковци


Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека проблемот со Бугарија настанал кога тие наместо браќа, посакале да ни станат татковци.

-Ги затопливме односите со Бугарија, го потпишавме договорот за добрососедство. Ги прифативме како братски народ, јас употребувам браќа, но за жал одеднаш тие посакаа место браќа да ни биле татковци. Ако збориме за татковци, тогаш наши татковци се Кирил и Методиј. Тоа така не може, ние сме пријатели, соседи, блискоста ни е неопходна, но неприфатливо е ова што сега Бугарија го прави кон нас. Ние продолжуваме со преговорите со Бугарија, а тие ќе треба да прифатат и да почитуваат дека сме народ со сопствени корени и идентитет и сопствен македонски јазик, рече Заев.

извор: fokus.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum