Заев: Декриминализација и легализација на марихуаната ја гледам од економски аспект

Легализацијата на марихуаната би можела да допринесе за развој на одредени сектори од економијата, порача премиерот Зоран Заев откако пред неколку дена повика да се отвори дебата за декриминализација и легализација.


„Дебатата за декриминализација и легализација на марихуаната ја гледам од еконмски аспкет заради развојот на услугите и угостителството во државата. Нашето угостителство и услужни дејности многу малку учевствуваат во БДП а едни вакви производи може да бидат една сериозна иницијална каписла за раст на БДП во услугите и во угостителството. Го гледате МВР по 100, 200, 300 кг фаќа марихуана ред е системот да размисли дали тоа треба да го стави во Закон.“


Заев ја повика стручната јавност стручната јавност да се произнесе  а ги повика да се произнесат и политичките субјекти.


Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во „Само Интервју“ рече дека партијата би поддржала закон со кој ќе биде опфатено производството на масло, но не одговори конкретно дали би поддржале легализација на марихуана за домашна употреба.

Во меѓувреме полициските билтени секојдневно изобилуваат со информации за уапсени уживатели на марихуана.


Само вчера во одделни акции се приведени тројца скопјани. 31 годишник бил фатен на Водно, 19 годишник во близина на железничката станица и 20 годишник е приведен во Чаир.

извор: novatv.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum