Заев би го одложил пописот, ама термините биле зафатени

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, по новинарско прашање за предлогот на претседателот Стево Пендаровски за тоа да се одложи пописот, истакна дека тој е спремен за одложување.

-Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот, посочи Заев.

Имено Претседателот Пендаровски утринава предложи пописот да се спроведе во мај или во јуни.

-Со ова се обидувам да направам мост меѓу двете политички опции. Тврдам дека политичката поларизација ја уназадува нашата држава повеќе од се друго. Проблем ли е да ги повикаш твоите да не прават бојкот или пописот да биде во мај или јуни. Да си подадеме рака. Не гледам причина зошто пописот да не се одложи за месец или два. Сосема легитимни се барањата од аспект на здравството. Ако сме чекале 20 години, нема да е грев да биде во мај или јуни, но да го направиме за да нема воопшто страв кај граѓаните поради ковидот, рече Пендаровски.

Бојкотот на пописот, оцени Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ може само да и нанесе повеќе штета. Според него, поиздржано би било да не се признаат резултатите, отколку да се бојкотира процесот.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum