Вулин: Службите работат на случајот со прислушувањето на Вучиќ

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, денес изјави дека претседателот на Србија бил прислушуван и дека службите работат на истрагата на тој случај.

-Вучиќ не го рече тоа заради политички маркетинг, туку затоа што тоа е вистина. Претседателот ја кажа вистината, а на нас е да ја потврдиме таа вистина, изјави Вулин за ТВ Прва, додавајќи дека надлежните служби го информирале претседателот за тоа. Вулин рече дека не може да зборува за деталите од истрагата, но дека „претседателот секако не бил прислушуван со добри намери“.

За потсетување, пред три дена, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека има докази дека бил прислушуван и дека траело година и половина. Тој за спрски Курир истакна дека не знае директно имиња на луѓето кои го слушале, но оти смета дека знае кој стои зад тоа.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum