ВУЧИЌ: Башановиќ кој му беше советник на Заев е газда на половина Македонија

Претседателот на Србија Алекандар Вучиќ проговори за односот со Зоран Башановиќ, бизнимен од Србија.


Тие се кумови, но неколку години не се во најдобри односи. Башановиќ е интересен за македонската јавност како поранешен советник на премиерот Зоран Заев и тоа за хонорар од 1500 евра месечно.


Но, покрај тој хонорар Башановиќ има многу бизниси низ Македонија за што посведочи и самиот Вучиќ.

Кумот Зоран Башановиќ со Џилас купуваат телевизии и ме рушат. Башановиќ со сите сили решил со сите сили да ме руши а поседува пола Македонија и Грција.Од мене ништо не добил ниту пак може-изјави Вучиќ.

Нашa Балкан е телевизијата на Башановиќ во Србија која е критична кон власта на Вучиќ.

Кој е Зоран Башановиќ


Башановиќ во последниве неколку години е одомаќинет во Македонија па дури и тука живее со семејството. Оттука ги контролира бизнисите, но во родната Србија ретко оди. Не отишол дури и на погребот на неговиот татко кој почина пред неколку месеци.

Неговото име се споменуваше во неколку афери, како во „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.За време на судењето медиумите тврдеа дека 1,5 милиони евра од рекетот Боки 13 му ги однел токму на Башановиќ.


Башановиќ беше дел и од црвениот тепих на прославата на 1ТВ заедно со обивнителката Вилма Рускоска.


Сепак најдиректно споменување на поврзаноста меѓу Заев и Башановиќ имаше обвинетата Јасна Мандиќ во случајот „Меѓународен сојуз“. Таа рече дека Башановиќ ургирал кај Заев да не оди во затвор а оти премиерот одговорил „ќе видам што може да направам“.

„Другар, има докази за Јасна ми кажуваат. Но ќе се обидам да не е притвор”, за на крај да му се обрати со порака „Нема да оди во притвор”, си пишувале Заев и Башановиќ на Вибер.

Башановиќ пред дваесеттина години беше во врска со српската фолк пејачка Драгана Мирковиќ.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum