Врховниот суд ја укина пресудата против Насер Ештрефи осуден на 14 години казна затвор за убиството

Врховниот суд ја укина пресудата против Насер Ештрефи кој беше осуден на 14 години казна затвор за убиството на матурантот Ангел Петковски.


Информацијата за тв 24 ја потврдија од судот од каде велат дека во образложението на одлуката, меѓу другото пишува, дека пресудата е укината затоа што на повтореното судење ќе треба да се проверат динамиката и редоследот на случувањата кои што претходеле на убиството на Петковски.


Од адвокатскиот тим на оштетеното семјество Петковски за тв 24 велат дека не може да ја коментираат ништо се’ додека не го видат образложението на таквата одлука на Врховниот суд. Ештрефи беше осуден од првостепениот Кривичен суд на 14-годишна казна затвор на 6 јули 2015 година, а Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите и на обвинителството и на одбраната на Ештрефи и ја потврди пресудата, со што таа стана правосилна.


Ангел Петковски беше убиен со нож на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров на 19-ти мај 2014-та година.


извор: shilomagazine.com.au

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum