Вработени на патарина со симптоми на коронавирус: Едните пратени дома, другите оставени без заштита

До редакцијата на КУРИР пристигнаа сведоштва на неколку вработени на патарините кои велат дека со опасниот вирус се соочуваат без никаква заштита. Тие се жалат дека цел месец не добиле дезинфекциски средства, маски и ракавици, па за да се заштитат треба сами да си купуваат.


Неколку вработени се пожалиле на симптоми на коронавирус – висока температура, треска и губење на вкусот. Откако ги информирале претпоставените, само тие со симптоми биле испратени да останат дома.


Другите мора да одат на работа иако биле во контакт со оние кои веќе имаат симптоми.

Дали се позитивни на коронавирус се уште не е познато.


Останатите со страв одат на работа. За КУРИР велат дека се чувствуваат премногу изложени на опасност од зараза бидејќи никако не се заштитени.


Раководството, сепак, наредува вработените да бидат заштитени иако не им ја обезбедува потребната заштита.


Како што дознава КУРИР, еден од вработените дури бил и казнет бидејќи на работа дошол без ракавици и средство очекувајќи истите да им бидат службено обезбедени.

извор: press24.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum