Во Тетово набавени се 5 автобуси за 720.000 евра, а во Прилеп 4 автобуси за 1.000.000 евра

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески реагира со пост на фејсбук по однос на денешното пуштање во сообраќај на автобусите во Тетово и прави споредба бидејќи разликата во сумата и количината е очигледна.


Тетово денес доби нови автобуси и е само трет град после Скопје и Прилеп со сопствен јавен превоз.


Во Тетово набавени се 5 автобуси за износ од 720.000 евра, што е многу поевтино во однос на 4-те автобуси набавeни од локалната власт во Прилеп пред две години, за чија набавка беа потрошени цели 1.000.000 евра.


Разликата е очигледна... и во број на автобуси... и во пари... и во тоа од каде се обезбедени парите!!


Зарем општина Прилеп е толку побогата општина од Тетово?!?!?!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum