ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА: ПАРИ ЗА ГЛОБАЛ ИМА, А КОПАНКИ ЌјЕ ПОЧЕКА -(ФОТО)


Општина Битола има пари да донира за „Глобал“ во Струмица, а нема за Копанки на Пелистер, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако Советот вчера одлучи да додели 150 илјади денари како помош за санирање на штетите во изгорениот трговски центар. Градоначалничката Наташа Петровска возврати дека Општината во повеќе наврати ја докажала својата хуманост. „Мнозинството од СДСМ во Советот на Општина Битола предложи точка со која од буџетот на Општина Битола ќе се доделат 150.000 ден. на струмички ‘Глобал’. За Петровска и СДСМ кога е ‘Копанки’ во прашање тогаш е спорно што тој е на граѓаните и е граден од граѓаните, а кога станува збор за струмички “Глобал’ тогаш не е спорно што истиот е приватна сопственост“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum