ВМРО ДПМНЕ -Битола: Наташа Петровска повеќе од 1 година избегнува присуство на седниците во Советот


ПЕТРОВСКА ПРОКЛАМИРА ТРАНСПАРЕНТНОСТ, А СЕ КРИЕ ЗАД СООПШТЕНИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Почитувани сограѓани, почитувана јавност На денешнава седница како и безброј пати во изминатата година во име на Советничката група и коалицијата ја повикавме градоначалничката со своето присуство како што е ред и обврска, да го испочитува овој советнички состав, да се одважи, охрабри и пред советниците да одговори на мноштво прашања кои Граѓаните, артикулирани преку гласот на Советниците ги упатуваат до Мајката на градот.

Градоначалничката Наташа Петровска повторно избегнува да се соочи со граѓаните. Истата Петровска која се крие зад соопштенијата на Општина Битола во кои се прокламира транспарентност и отчетност, повеќе од 1 година избегнува присуство на седниците на Советот на Општина Битола.

Кои се причините за тоа е повеќе од јасно. Безидејноста, неработењето, неспособноста и лицемерието, се нешта што оваа власт ја красат од самиот почетокот и неможат да се сокријат.

Почитувани, длабоко газиме во месец Јануари а зад нас е можеби една од најтешките, најмарачните години во постоењето на овој град, година на тешка здравствена криза, година на тешка економска криза која допрва ќе ја почуствуваме, година во која многумина од нас и нашите најмили се соочија со предизвикот наречен Ковид 19, предизвик кој остави трага скоро во секое семејство и однесе многумина од нашите пријатели, роднини, сограѓани.

А годинава за жал не започна мирно. Прво не „потопи дождот„ кој ги преплави и ги направи пловни нашите неисчистени улици а коритото на реката Драгор наликуваше на кањонот на Колорадо. Потоа не изненади снегот, за на крај повторно по кој знае кој пат Битола да ги руши црните рекорди во загаденост на воздухот.

Денес Петровска, најмалку што можеше е да им даде одговор на граѓаните на Битола зошто Битола сеуште е најзагаден град во Македонија и еден од најзагадените во Европа и Светот. Зошто во историски најголемиот буџетот на Општината од 2 милијарди денари или 35 мил.евра не е прифатен ниту еден амандман на опозицијата и како и предходно, нити една од мерките предложени минатата година во екот на Ковид кризата како помош на економскиот сектор во градот, што се случува со пречистителната станица, гасификацијата на градот и уште мал милион прашања за кои треба да се даде отчет и да се одговори пред јавноста.

Почитувани, втора шанса за прв впечаток нема, граѓаните знаат дека оваа локална власт немаше чесни намери и предложената програма "За живот" беше само една голема шарена лага и ниту знае ниту има волја да ја реализира. Почитувани граѓани, времето измина а Битола е зрела за промени!




29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum