ВЛАДИМИР МИЛЧИН Заев нема мандат да ја прекројува историјата Делчев се борел и загинал за Македонија

Македонија нема за што да се извинува на Бугарија, но Бугарија има! А Заев нема мандат ниту за капитулација, ниту за амнезија!

Делчев се борел за Македонија, а роден е во Кукуш (Егејска Македонија).

Патем, Кукуш е град со унијатска традиција. Кај се „изгуби” писмото од кукушани до папата, во кое бараат помош и заштита од православните „браќа“?


И уште еднаш: Заев нема мандат да ја прекројува историјата. Делчев се борел и загинал за Македонија! Неговата борба е македонска! А неговиот живот е борбата! За смртта уште не е јасно чија е!


Борисов би требало, следејќи го примерот на Вили Брант, да дојде овде и да се поклони пред жртвите на бугарската окупаторска власт. Во Музејот на холокаустот за 7.133 македонски Евреи испратени во Треблинка и барем на Могилата на непобедените во Прилеп.


Македонија нема за што да се извинува на Бугарија, но Бугарија има! А Заев нема мандат ниту за капитулација, ниту за амнезија!


(ФБ статус на Милчин, коментар на изјава на Антонио Милошѓоски, кого го нарекува „мифка“)

извор: plusinfo.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum