ВЛАДАТА СО НОВ ГАФ: Карикатура од Трамп испратена во официјално соопштение (ФОТО)
Нов гаф на Владата. Официјалното Владино соопштение за одржаната прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска, покажа скандалозно ниво на непрофесионализам на вработените во Владината прес служба.
А, освен скандалозно, никако поинаку не може да се оцени тоа што како прилог на обраќањето на Филиповска – Грашкоска, наместо фотографија од настанот, медиумите добија фото-монтажа и карикатура од американскиот претседател Доналд Трамп.

извор: vecer.mk