Вистински подарок за ентузијастите, Македонија првпат во албум на Панини!
Пласманот на првото Европско првенство во историјата е голем новитет за Македонија. Оваа генерација предводена од Горан Пандев на теренот и Игор Ангеловски на клупата е голем хит и заслужено ќе игра на голем собир.
Покрај многуте бенефиции, како премија од УЕФА и историскиот настап на континенталниот шампионат, вистинските фудбалски ентузијасти ќе имаат и еден голем подарок. Постојат голем број љубители на албуми со сликички кои се под покритие на популарната компанија Панини.
Сега, настапот на Европското првенство следната година за прв пат и носи загарантирано место на Македонија во албумот со сликички, па тоа ќе биде дополнителен мотив за македонските собирачи.
Голем број на луѓе се фанови на собирањето сликички во албумите, а сега во својата колекција ќе може да ги додадат и Пандев, Џани, Нестор, Ељиф, Барди и сите останати.

извор: gol.mk