(ВИДЕО) Трамп ја прогласи за терористичка организација, Македонија ја финансира

САД ќе ја прогласат АНТИФА за терористичка организација. Ова денеска преку твит го соопшти претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, откако во земјата избувнаа безредија за кои тој вчерадиректно ја обвини оваа организација.

Антифа присуството во земјава го детектира невладината Конзерватив од каде посочуваат дека пред неколку месеци, обид за влез на АНТИФА во Македонија беше регистриран преку проекти на министерството за култура.

Дали ова значи дека Македонија со државни пaри финансира потенцијална терористичка организација?


Видео на линкот:

Иако според нејзиното име треба да означува движење кое се бори против фашизмот, Антифа се има претворено во организација чија главна цел е да се цензурираат сите идеи и мислења кои се наоѓаат десно од центарот на идеолошкиот спектар.


Поттикнуваат насилни протести, ограбување на мали и средни бизниси, малтретирање на невино население и вршење на расистичка тортура врз сите кои не мислат како нив. Тоа најдобро се забележува деновиве во САД.


Преку разни активности, нејзините членови низ светот се борат за целосна цензура на идеи кои се спротивни од нивните, нешто што се има практикувано единствено за време на владеење на тоталитарни режими, меѓу кои и Фашистичкиот.

извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum