(Видео) Со значка не се плаќа патарина – нов ckaндал на Тик-Ток

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има нов инцидент за решавање.

Овој пат се работи за припадник на некоја полициска или друга безбедносна институција која што користи службени легитимации.


Возачот чие име се гледа на видеото што негов близок или тој лично го објавил на социјалната мрежа Тик-Ток наместо да плати на патарина ја вади легитимација и минува без да плати на наплатна рампа на автопатот Скопје – Гостивар.


Според законот освен тие службени лица што во моментот вршат оперативни дејствија сите останати мораат да платат патарина.


Со оглед на тоа што во моментот кога минувале на патарината неговиот совозач го снимале јасно е дека возачот не вршел оперативни дејствија.

Доколку работникот на патарина не го пријавил и тој треба да одговара за пропуштен возач кој не платил.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum