(Видео) Со Кекеновски има соработка – Тодоров се спрема за претседател, потврдува Заев


Пред 6 месеци Јове Кекеновски го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека одработува за СДСМ и ДУИ посочувајќи дека Mицкоски свесно молчел и млако одработувал и за легализација на Преспанскиот договор, за промената на Уставот и името на државата.


Во бомбата од 2 часа која вчера ја објави новинарот Зоран Божиновски Зоран Заев посочува дека Јове Кекеновски одамна работи за него, а дека сите го знаат тоа.

-Кекеновски океј, имам соработка тоа го знаат сите, вели Заев.


Зоран Заев во разговор со Александар Верушевски уште пред неколку години посочува дека Никола Тодоров се подготвува да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Тодоров редовно ја критикува работата на партијата во која е поранешен функционер, а во 2017-та даде оставка од пратеничката позиција, очигледно неговото претендирање за премиерската функција е одамна.


-Ќе си одат од власт, Груевски нема да биде спроти тебе. Груевски не го гледаш како премиер повеќе, тој ќе си оди. На што ти личи ова тој оди по селата Тодоров дава интервјуа, вели Верушевски.


-Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“-напиша пред малку на својот ФБ профил еден од најблиските соработници на Никола Груевски и долгогодишен министер во Владата на ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров.


извор: infomax.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum