(Видео) Ceлмaни зa БГHEC твpди дeкa од Maкедониja биле истepaни 300 илјади Aлбaнци

Ново ckaндалозно интервју за БГНЕС, овој пат на новинарот и поранешен претседател на ЗНМ, Насер Селмани.


Во своето гостување за бугарскиот медиум, Селмани удри по Тито, но и по македонските политичари кои ги нарече слуги на Белград. неговото гостување во бугарскиот медиум ги создава контурите на оската, новиот сојуз помеѓу Софија и Тирана сојуз кој низ историјата секогаш бил на штета на Република Македонија.


Она што можеби е најскандалозно во неговото гостување е обвинувањето дека Македонците и Тито за време на Југолсавија спровеле егзодус на Албанците од Македонија, егзодус со кој биле истерани 300 илјади Албанци како што тврди тој од Македонија во Турција.


Од она што досега можевме да прочитаме во историските читанки е дека од Македонија по Втората Светска Војна е протерано претежно турско население, но и Македонци со исламска вероисповест за што говорат и големиот број видеа, сведоштва од Турција од население кое говори македонски, свири македонски песни и ги негува македонските обичаи и традиции.


Како што напоменавме, Тиранската платформа е се уште жива, а во неа се бара од македонскиот парламент да изгласа резолуција со која ќе се осуди наводниот геноцид врз албанскиот народ во Македонија во период од 1912 до 1945 година.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum