(ВИДЕО) СДСМ е минато свршено време и за битолчани и за македонските граѓани

Првата недела од кампањата на СДСМ во Битола, помина во знакот на Наташа Петровска. Замислете СДСМ ја користи градоначалничката Петровска позната по непотизмот и вработувањето на нејзиниот брат уште првиот месец по преземањето на власта и по тоа што не сработи буквално ништо друго изминатите 3 години, не направи ништо за Битола и битолчани. Оваа симболика зборува повеќе од сите искажани зборови, повеќе од сите преземени чекори.

Ја открива нивната вистинска намера, го претставува нивното лицемерие, неспособност и незнаење.

Не можете, почитувани од СДСМ, со иста лага, втор пат да поминете кај граѓаните.


  • не можете да ветувате економски мерки, а досега три години да ги имате зад себе најлошите економски показатели

  • не можете да ветувате инфраструктурни инвестиции, а не можете со ниту една во Битола да се пофалите

  • лицемерно е и надвор од здравиот разум да ветувате нови работни места, кога граѓаните знаат како и кого вработувате

  • ветувате гасификација пак, тоа навистина ги поминува сите граници И пак зборувате во идно време, употребувајќи ја честицата ЌЕ. Вие, од СДСМ, со се што досега направивте сте минато свршено време за битолчани и македонските граѓани! Тоа само недвосмислено ќе Ви биде потврдено на 15 јули, денот кога ВМРО ДПМНЕ и граѓаните ЗАЕДНО пристапуваат кон ОБНОВА на Битола и ОБНОВА на Македонија.

извор: portal.pelanet.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum