ВИДЕО: Реисот Реџепи разрешен од функцијата

Со 2/3 мнозинство донесена е одлука за разрешување на Реисот Реџепи од функцијата, јавува репортерот на ТВ21.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Оваа одлука стапува во сила од денеска, a на неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, исто така и муфтијата на Куманово, Абедин Имери, тој на Струга, Салим Сулејмани, од скоро сите други муфтии.


Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот  Фадил Рамадани и други.

извор: tv21tv.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum