(ВИДЕО) На пазарот во Битола – битолските земјоделци набркани, струмичани никој не ги гиба

И тоа е можно да се случува во Битола. На селективна правда до апсурд се изложени земјоделците од битолските села кои за да извадат некој денар повеќе, своите производи се решени сами да ги продаваат, наместо за џабе да им ги даваат на накупците. Тие, секој ден се изложени на супстандардните услови на паркингот во градскиот пазар кај Нова Битола. Но, овие денови, настрвена им е пазарната инспекција и ги брка, а дулеџиите од пазарот им се закануваат дека ќе бидат казнети со по 2. 000 евра. Наспроти нив, накупците од струмичките села кои се претставуваат како и тие да се земјоделци, цели тајфи се дојдени со камиони и никој не ги гиба.


– Не бркаат од пазарната инспекција и не не оставаат да продаваме, а не знам зошто. Стумичани можат да продаваат, ние не можеме и објаснување немаме никакво. Дулеџиите не опоменуваат дека ќе не казнат со 2. 000 евра. Зошто да ме казнат?- запраша Мите Трајчевски од с. Долно Оризари.- Ние сме производители и не тераат внатре да се пикаме. Доста сме по нивите цел ден и сега овде да креваме по скалите? Струмичани не ги бркаат и само за нас важи- рече Јове Царовски од с. Кукуречани. – Не знам зошто не бркаат. За некој, овој пазар е мајка, а за некој маштеа. Струмичани ги оставаат и не знам зошто, дали ние можеби сме некој странци?- рече Златко Андреевски од с. Барешани.

Дека никој не ги гиба, потврдуваат и самите струмички селани.


– Плаќаме по 12. 500 денари месечно и нема за што да не гибаат и да не бркаат- рече жител на с. Бница Струмичко.- Убаво е , продаваме с`е е супер и никој не не гиба- рече неговиот сосед.


Но, каде лежи проблемот во ова дискриминација, која создава огромна огорченост кај земјоделците? До лани, тие плаќаа месечни и неделни такси за коористење на просторот и имаа договори, но годинава не им се продолжени.


Директорот на ЈП Пазари вели дека така наложува пазарната инспекција, зашто само тие што имаат камиони и големи комбиња можат да продаваат на отворено. Во случајов, тој услов го исполнуваат само струмичани, небаре некој прописот го натокмил по нивна мерка. Навистина апсурдно, особено што на околината од овој простор се врши нужда, и с`е е преполно со ѓубре од струмичките тајфи во кои има безброј мали деца, а сето тоа во време на корона и потенцијални зарази.


alfa.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum