(ВИДЕО) Каква е состојбата со аерозагадувањето во Битола и Пелагонија?

Со започнувањето на грејната сезона, растат и вредностите на загадувањето во воздухот во Битола. Од податоците на двете државни мерни станици може да се забележи дека од крајот на октомври вредностите на ПМ 10 честичките, почнуваат да ја преминуваат границата од 100 микрограми на метар кубен, а најчесто тоа се случува во вечерните часови.

-Сега денски не, навечер мириса. Кој е болен, ќе почувствува, велат граѓаните. Од независната советничка група „Поинаку“ сметаат дека Битола и оваа зима ќе биде еден од најзагадените градови.

-Неколку години претходно беше ударна програма на политичките партии дека ќе се грижат за загадувањето во Битола, но мислам дека и оваа зима Битола ќе биде еден од најзагадените градови. Клима инвертерите кои битолчани се уште не ги добиле, а парите ги имаат од минатата година септември, мислам дека не се правилно распоредени и нема да придонесат на никаков начин да се намали за аерозагадувањето, за решавање на комплексен проблем треба радикални проблеми или нешто големо да се смени, а со мали ад хок акции не можеме ништо да направиме, барем не оваа зима, истакна Иван Чулаковски од независната советничка група Поинаку.

Од Општина Битола велат дека како и минатата, така и оваа зима инспекторатот ќе биде постојано на терен. Граѓаните пак, често на социјалните мрежи објавуваат горење материјали кои

придонесуваат за загадувањето. Потенцираат дека акцијата за доделување 2500 клими е една од најголемите мерки досега.

-Јас се надевам дека за 10-тина дена ќе почне монтажата на првите клими уреди, со што мислам дека ќе се намали загадувањето. Општинскито инспекторат беше на терен, ги следеше загадувачите заедно со МВР, секаде каде имаше дојава излегуваа на терен и ја утврдуваа фактичката состојба, тоа ќе се случува и оваа зима. Ако се утврди од нашиот инспекторат се пишуваат казни, се преземаат мерки. И ние ги следиме социјалните мрежи, инспекторот е 24 часа достапен и делува на терен, вели Валентин Груевски, претседател на Совет на Општина Битола.

Груевски потенцира и дека пред неколку месеци се субвенционираа велосипеди, а уште еден повик ќе има кон крајот на годината.

Но, еко-активистите сметаат дека проблемот со загадувањето треба да се решава системски наместо популистички.

-Кога давате велосипеди, треба да има и велосипедски патеки. Тоа значи, како да им дадете ќумбиња на дрва, а немаат оџаци. Според мене решавањето на проблемот треба да е системски и според сите умни и паметни, и доколку оваа, претходната или друга власт, има сериозна намера да решава такви проблеми, не треба да му е ништо свето, бруто или нето, туку треба да постави едни добри основи, да оди како што онака некој попаметен ќе каже, изјави Душко Груевски, еко- активист.

Маја Богоевска

извор: sitel.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum