(ВИДЕО) ГОРАН СТЕФАНОВСКИ: ШТО Е СЛОБОДА?
Горан Стефановски важи за еден од најплодните драмски автори во современата македонска книжевност. Тој беше роден во Битола во 1952 година.
Автор е на драмите „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ серија „Бушава азбука“ и е автор на неколку телевизиски драми.
Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“.
Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.
Почина на 28 ноември 2018 година, на 66 годишна вораст.

извор: makedonskapoezija.mk