(ВИДЕО) Ги натерале вработените во Тиквеш да играат на сред лозје

Неколку месеци откако помина трендот на „Jerusalema Challenge“ со вакво видео се огласија и вработените од винаријата Тиквеш.

Од винаријата велат дека приклучувањето на ваков предизвик ќе ја промовира нивната компанија, а воедно и ќе се промовира и Македонија.

– Ако погледнете одблиску, низ кадрите се претставени главните аспекти од процесот на производство на вино, видеото дозволува прошетка низ различните сектори во винаријата, низ насадите, а лесно може да се видат и капацитетите со кои располага компанијата. Ова е особено важно за нас како компанија, но и за Македонија доколку сакаме да биде светски препознаена како винска земја, истакнаа од Тиквеш.

Иако од винаријата велат дека ова видео ги претставува во најдобро светло, сепак наиде на потсмев кај многумина граѓани.

Ова не е првпат вработени од македонска компанија да се приклучи на овој предизвик. Слична Пи-Ар брука имаше и Уни Банка.

Да се потсетиме, вакво видео направија и од политичката партија СДСМ, а јавноста не прекина со шеги направени на нивна сметка по објавеното видео. Нивното видео со кое злоупотребија Ковид болница за спот, може да го погледнете ТУКА.



извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum