(ВИДЕО) Фрлена експлозивна направа на семејната продавница на Владо Мисајловски во Ѓорче Петров

Од власта велат "можеме" , дека сме на "прав пат", и дека било " нормално", но на терен се е поинаку.


Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета.


Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом.


Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!


Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите.

И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum