(ВИДЕО + АУДИО) Ден Дончев снимен како во договор со Заев зема мито!!!

Купче пари во рацете на Ден Дончев. Прв пат македонски политичар фатен со мито. Денес на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како Директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“.

На крајот на минатата година словенечката телевизија „Нова 24“ објави дека Зоран Милески Кичеец и’ се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата „Рекет 2“ за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма „Дијамед“ ќе следела истрага против неа.

„Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата ’Диамед’. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на ’Диамед’, околу 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер“, се наведува во текстот објавен на телевизијата „Нова24“. Во аудио бомбите денес објавени Дончев е нервозен бидејќи во играта се вмешува и адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски.

Го имаат фатено Медарски од другата страна, со цел да имаат влијание кај премиерот. Шефот се согласи да им пуштиме полиција внатре, влегоа и Медарски замоли да се најде заеднички јазик и јас се согласив на тоа, вели Ден Дончев, и додава дека „ако им направиме проблем ние тука може да има проблем при продажбата на компанијата. Интересно е што бомбите откриваат дека Ден Дончев посочува дека поранешниот министер и вице премиер Никола Тодоров го имаат договорено за сведок во случајот „Диамед“. Инаку Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, а според тврдењето на Заев тоа било сторено поради наводни здравствени причини.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum