ВЕЧЕРВА ЗЕМЈОТРЕС - Дебар, Гостивар и Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 06.03.2021 година во 22 часот и 43 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 60 км југозападно од Скопје.


Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда 2.9 степени.

Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.



извор: tera.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum