Васил Хаџиманов добитник на светската награда за најдобар џез-пијанист

Музичарот Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електрично пијано, која му беше доделена на 41. издание на Годишните награди на џез-радиостаници.

Исто така во категоријата најдобра џез-група, „Васил Хаџиманов бенд“ го освои второто место.


Меѓу другите победници се џез-музичари како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Корија, Ренди Брејкер, Дејв Либман и многу други.


Зад оваа награда стои Арналдо Десутеиро, кој е џез-новинар, продуцент, историчар, предавач и продуцент на повеќе од 830 џез-композиции.


Васил Хаџиманов своето џез-образование го оформува како стипендист на престижниот колеџ за музика „Беркли“ во САД, каде што дипломира во 1995 година на клавирскиот оддел. Тој е син на познатите Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ.

извор: makfax.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum