УСОГЛАСЕТЕ СЕ: Филипче 125 позитивни, ИЈЗ 79! Кој штелува?

Бројките кои ги подготвил ИЈЗ за 5 јуни велат 79 позитивни од 835 тестови. Филипче вели 125 заразени од 1085 тестирани. Со тоа што ИЈЗ дава податоци за 5 јуни, а Филипче за „изминатото денонокие“.

Разликата е очигледна. Одговорот односно оправдувањето би било дека ИЈЗ не ги броел денешните тестови до објавата на Филипче пред околу еден час, а Филипче ги вметнал. Но, ако ги споредите претходните објави на ИЈЗ и Филипче и Министерството, ќе видите дека се поклопуваат.

На пример, за 4 јуни, ИЈЗ вели: „Тестирани се вкупно 1.272 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 180 нови позитивни случаи од 15 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (55.5%).“

За истиот ден, 4 јуни, Филипче, односно Министерството велат:

„Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.“

Како што можете да видите, и овде ИЈЗ зборува за претходниот ден, а МЗ за изминатите 24 часа, односно изминатото деноноќие, а сепак, податоците се исти.

Истото поклопување се случува и претходните денови. Податоците од двете места се идентични, освен денеска. Интересно, нели?

За да биде за забавата поголема, утрово еден од порталите објави неофицијална бројка од 150 до 200 позитивни повикувајќи се на извор од Комисијата за заразни болести. Порталот, кој има провладин предзнак, нема причина да лаже, па јасно е дека информацијата не ја измислиле туку ја добиле од својот извор во Комсијата. Тогаш, очигледно се кренала паника, оти Филипче рече дека бројот треба да се намалува, па истиот тој преку објава ги кара медиумите да не пуштале непроверени информации, и потоа се појавуваат 79-те на ИЈЗ, и неговите 125.


И нека не ве буни прашањето зошто Филипче би ги вбројувал дополнителните 250 тестови во денешната објава. 79 позитвни сепак се премалку наспроти информациите од Комисијата, а од друга страна, во овие 250 дополнителни тестови на Филипче има 46 позитивни (така од 79 се стигнува до 125-те), што е процент од речиси 20 отсто, наспроти 79-те од 835 тестирани кај ИЈЗ што е помалу од 10 отсто позитивни. Тоа треба да се нивелира!

Јасно е нели?

извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum