Уапсен маж кој се заканил дека го држи Вучиќ на снајперски нишан

Лице осомничено дека испратило смртни закани до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи е уапсено во Пирот, на југоистокот на Србија .

Смртната закана за Вучиќ е објавена на социјалната мрежа Фејсбук од корисник кој се потпишува како Милош Бпм Петровиќ. Тој во соопштението навел дека постојано го гледал Вучиќ низ окуларот на снајперот.


Над фотографијата што ја објави, а на која се гледаат Вучиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, тој напиша:

-Овие двајца ги однесоа, а тебе Александар Вучиќ снајпер ќе те реши. Знаеш и самиот, онаа црвена точка што те следи до спалната соба кога ќе го исклучиш светлото.

Вучиќ, продолжува понатаму, во заканувачко соопштение: Само те гледам, а ти не знаеш каде сум. Не ме гледаш, но јас те гледам низ оптичкиот нишан цело време”.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum