Трифун Костовски: Директорот на Еуростандард банка одработувал за СДСМ и пласирал пари во струмичко

Костовски тврди дека пред година и половина дознал дека Николче Петковски, долгогодишен директор на Еуростандард банка, „пикал“ пари во фирмата „Галафарм“.

Николче Петковски, долгогодишен директор на Еуростандард банка, одработувал за себе и за политички партии, а големи средства од банката се одлевале во во струмичкиот регион, изјави бизнисменот Трифун Костовски во Студио 10 за ТВ24.


Костовски тврди дека пред година и половина дознал дека директорот Петковски, иако добар познавач на банкарството и „човек на место“, сепак одработувал за политички партии, за СДСМ, каде што бил член.


– Големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во „Галафарм“, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно у упорно таму се пикале пари – изјави Костовски за ТВ 24, пренесува порталот Фактор.



извор: plusinfo.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum