Трамп тврди дека победил во Пенсилванија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека тој е победник на претседателските избори во Пенсилванија. Во порака денеска на Твитер, тој укажа дека немало можност да се видат 700.000 гласачки ливчиња. 

-Во Филаделфија и Питсбург не ни беше дозволено да видиме 700.000 гласачки ливчиња, а тоа значи дека врз основа на нашиот голем Устав, победуваме во државата Пенсилванија, соопшти американскиот претседател. 

Оваа сојузна држава е една од клучните и победата таму значи 20 добиени електорски гласа. Претходно, Апелацискиот суд на третиот округ на САД, ја одби жалбата на републиканците кои бараа гласачките ливчиња испратени по пошта на денот на гласањето во Пенсилванија да се признаат за неважечки. 

Според американските медиуми, победник на изборите е демократот Џо Бајден со вкупно добиени 306 електорски гласови. Републиканецот Доналд Трамп доби 232 гласа.

извор: denesen.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum