Том Круз вози жолто фиќо! (ФОТО)

Том Круз во Италија ги сними последните сцени од седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“. Тој пред неколку дена со неговите колеги Сајмон Пег и Ребека Фергусон беше во Рим, каде што снимаше сцена како вози жолто фиќо. Популарната


„Застава 750“, кај нас позната како „фиќо“, се произведуваше во југословенскиот институт „Застава“ во Крагуевац, а сега е под лиценца на италијански „Фиат“.

По снимањето во Рим, екипата се пресели во Венеција да ја сними последната сцена од филмот. Облечени во црно, тројцата глумци нрошетаа низ напуштениот плоштад Св. Марко, додека Круз, кој го игра тајниот агент Итан Хант, држи воки-токи во раката. Премиерата на филмот „Невозможна мисија 7“, чие снимање беше одложено неколку пати поради пандемијата на коронавирусот, е планирано за 19 ноември 2021 година.


извор: denesen.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum