Терористите од Диво Насеље ја превземаа контролата над Идризово

Кој ја претвори Казнено поправната установа, Идризово во хотел со 5 ѕвездички, како казната затвор за некој се претвори во „ол инклузив“, а за некој во вистински пекол?

Терористите од Диво Насеље целосно ја превземаа контролата над затворот во Идризово, информациите на Инфомакс говорат дека на терористите им се овозможени сите земни удобства.


Терористите се сместени во одвоено крило од затворот во кое нема сместено други затвореници, дополнително во крилото нема никакво полициско присуство, а и во ситуација во која би имало чуварите на затворот не носат оружје додека затворениците имаат ножеви кои сега за сега ги користат за прехранбени продукти.


Еднаш во неделата терористите организираат скара, андроид телефони добиваат по достава, а за полначи дополнително доплаќаат.

Околу терористите од Диво Насеље е собрано целото криминално подземје со кое имаат интензивна дружба, на фотографиите може да се забележат лица кои извршуваат казни за убиства, трговија со дрога, лица кои одлежуваат доживотни казни.

Директорот на затворот Боби Mojсовски последните 5-6 месеци воопшто не се занимава со водење на затвор бидејќи е поставен на добитно место на листата на пратеници во изборна едница 5 од СДСМ, вели изворот на Инфомакс.


Иако затворските чувари бараат да се спроведе ред во крилото кај што се сметени терористите, Мојсовски образложува дека така му е наложено од страна на директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ

Чуварите се тотално незаштитени и се ставени во улога на доставувачи на потребштини за терористите.


Кога се случи да се вклучат во живо во емисија на косовска телевизија да си даваат интервју надзорните камери во затворот кои што ги контролира и МВР ја забележале ситуацијата, но никој не се одважил да ја прекине забавата.

Ако ова е правдата за осумината убиени македонски полицајци, тогаш Македонија може слободно да си се самораспушти и никогаш повеќе никој од нас нема право да збори право, правда и правичност.

извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum