ТЕЛМА - Најниско оценета влада за првите 100 дена - 2,46 Е ПРОСЕЧНАТА ОЦЕНКА ЗА ВЛАСТА ОД ГРАЃАНИТЕ

Владата доби најслаба оценка за првите 100 дена досега, покажа најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма.


Според анкетата која ја спорведоа МЦМС и Телма, работата на владата предводена од СДСМ и ДУИ од граѓаните е оценета со ниски 2,46.


Односно повеќе од половина од испитаниците (54,7%) ја оцениле работата на Владата со ниски оценки (1 и 2), околу една четвртина од нив (25,2%) ја оцениле со високи оценки (4 и 5), а со 3 ја оцениле 20,1%.


Детално по оценки оценувањето според анкетата на МЦМС и Телма е следно: Најмногу граѓани се одлучиле да ја оценат работата на владата со најниската оценка 1, или 35,3% од испитаниците. 19,4% работата на владата ја оцениле со 2, додека 20,1% дале оценка 3. Оценка 4 на владата и дале 14,2% од граѓаните, а најмалку или само 11% дале оценка 5.

Ваквата ниска оценка на владата се должи пред се на последиците од ковид здравствената и економска криза, како и спорот со Бугарија, а се потенцира и интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС кое предизвика големи негативни реакции во македонската јавност.


За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година. Анкетата е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.



извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum