Тасевски: Титаник кога тонел барем го нашол дното и се успокоил. Ние тонеме, а нема дно.

Уште има некој што мисли дека генијално се справуваме со короната?

Сигурно има... Не се малку. Тоа загрижува многу.

Зборува за нашиот голем степен на подложност на лаги.


Да не одиме многу далеку само ќе речеме, Словенија уште пред десет дена прогласи победа над короната, со НУЛА заразени тие денови.


Држава која е најблиску со Италија, која беше најзаразена, во која работат или со која тесно соработуваат стотици илјади Словенци.


Тоа е факт. Како што е факт што НИЕ имаме најголема смртност на милион жители. Како што е факт дека секој ден имаме мртви и од 20 до 40 новозаразени и покрај, нели, генијалните мерки на министерот.


Факт е, ПОТФРЛИЈА. Бројките зборуваат. Не може да се седи на две столици. И спроведуваме мерки, ама заради изборни гласови, ги спроведуваме селективно. Затоа природата казнува. Таа не сака курвање. И не ги кривете луѓето за недисциплина. Тоа што ја нема, ја нема зашто нема држава.. Има само глумење институции и авторитет.

Власта е најголемиот дистрибутер на лажни вести, а во истовреме ги користи и како средство за цензура на оние кои мислат поинаку.


А кога ги гледа пак, човек групите како "И јас го сакам Филипче" или "И јас сум Филипче" и кога чита славопојки од новинари на истата тема, не може да не опцуе. Евтина пропаганда која се голта со радост.


Титаник ко тонел барем го нашол дното и се успокоил. Ние тонеме, а нема дно.


29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum